
Да ја зачуваме нашата заедничка цел којашто се нарекува Македонија и со пенкалото во рака на 15-ти октомври да одбереме работа, порача од Свети Николе челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Греувски и потсети дека и локалната власт и владата предводена од неговата партија направи многу проекти во Свети Николе и вети дека ќе продолжи да прави и натаму
„Со новата програма, со новата ера, се планира изградба на станица на отпадни води за целосно решавање на овој проблем, санација на речното корито на реката Поток, се планира изградба и реконструкција на повеќе улици, како и поставување на дигитални водомери со што ќе се намалат сметките за вода“, рече меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски потенцираше дека ќе продолжат да инвестираат во младите.
„Се предвидува реконструкција на училиштето ‘Даме Груев’, реконструкција во повеќе училишта, како и целосна реконструкција на ученичкиот дом. Се планираат нови капацитети за најмладите, нова градинка во Ерџелија, реконструкција на градскиот пазар, изградба на трим патека и повеќе други проекти значајни за Свети Николе и светиниколчани“, порача.
Да продолжиме да градиме, додаде Груевски, за иднината на нашите деца и за денешните генерации.
„Да ја зачуваме заедничката цел која се нарекува Македонија. Нашата работа секогаш ќе биде посветена на вас, секогаш ќе се грижиме за вас и за Македонија. Заради сето ова, велиме гордо и јасно – секогаш работа, секогаш Македонија. Со пенкалото во рака на 15-ти октомври да одбереме работа“, порача Груевски.