Груевски: Да се надминат стереотипите, со фокус на работите кои обединуваат

Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нѐ приближуваат.

Ова за тиражниот грчки весник „То Вима“ го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој истакна дека треба да се стави фокус само на работите кои обединуваат.

Моментот кога беше ставено вето на нашиот прием во НАТО сигурно не е тој момент…Тоа дефакто сѐ уште е на сила и значително придонесе кон нарушување на билатералните односи. Сѐ што беше пред и после оваа одлука на Грција, беа моменти на приближување на ставовите на двете земји, нешто што сѐ уште е недоволно. Моментите кога имавме, освен разговори преку ООН, и директни разговори помеѓу политичарите на двете земји, исто така даваа надеж. За несреќа, финансиската криза во Грција и севкупниот нестабилен политички амбиент, често во рана фаза ги прекинуваа таквите моментуми. Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нѐ приближуваат. Верувањето дека со сила или со уцена ќе се наметне нов идентитет на македонскиот народ, е погрешна теза. Таквата позиција ги зацврсти идентитетските одредници на македонскиот народ, затоа што таквиот однос и реализацијата на сето тоа, само предизвикаа претпазливост кај секој еден Македонец. Тие создадоа рефлекси од опасноста да се остане безимен и без она што ние мислиме дека е наш идентитет. Верувањето дека ние сме закана за Грција е целосно неточно. Која закана ја видовте од нас во последните 25 години? Всаденото уверување дека постои забуна на географските поими како што се Република Македонија и вашите региони источна, централна и западна Македонија се исто неточни. Има многу примери во Европа кои го докажуваат спротивното. На пример во Белгија има регион Луксембург. Но отидовме во многу детали, заклучи тој.

Интервјуто на Груевски за То Вима во целост проследете го на следниот линк.