Груевски денеска во посета на охридско-струшкиот регион

Претседателот на Владата, Никола Груевски денеска ќе биде во посета на охридско-струшкиот регион.

Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала во Основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Вевчани.

Подоцна ќе го посети објектот на реконструираното Основно училиште „Мурат Лабуништи“ во село Боровец, општина Струга, а ќе присуствува и на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во село Лабуниште.

Посетата на охридско – струшкиот регион, премиерот ќе ја заврпи со пуштање во употреба на водоводен систем во село Елшани и реконструиран локален пат Елешец – Елшани, во општина Охрид.