Груевски: Деновиве следува нов оглас за привлекување на најквалитетните кадри

Зборувајќи за економските политики на Владата и СДСМ, премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА потенцираше:

„Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел  привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, кои ќе  треба да ги пополнат испрзнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите до следната пролет. Ќе се засилиме со нова свежина со нови сили. Нема назад, само напред. Тоа е мојот план. Тој е многу поразличен од оној на СДСМ,“