Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници

Дијаспората да има свои пратеници. Нашиот став е македонските иселеници да имаат свои претставници во Парламентот на Република Македонија и ќе се залагаме и понатаму дијаспората на тој начин да учествува во политичкиот живот во земјата.

Ова го истакна истакна премиерот Никола Груевски во рамки на синоќешната средба со претставници на македонската дијаспора во Виена, Австрија.

Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници
Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници

Тоа беше проект за кој многу се зборуваше пред 2006-та година меѓутоа ниту една влада не го спроведе. Ние го ветивме кога бевме во опозиција во 2004-та, во 2005-та година и потоа по нашето доаѓање успеавме да ги убедиме и другите политички партии нашата дијаспора, Македонците кои се иселени од Република Македонија, кои што многу помагаат на своите блиски во Македонија, кои што со душа и срце сакаат да и помогнат на Република Македонија и секогаш кога имаат прилика го прават тоа да имаат барем симболично учество во креирањето на политиките да имаат свое учество преку давање на свои идеи барања, предлози критики преку свои претставници. Реков симболично затоа што имаме еден претставник од Европа, еден од Америка и еден од Австралија и ако мене ме прашувате јас сметам дека бројот на претставници треба дури и да поголем, меѓутоа засега немаме единство по тоа прашање во државата, меѓу политичките партии, истакна Груевски, пренесе МИА.

Премиерот посочи дека дијаспората има право на свои претставници.

Ние ќе продолжиме да се бориме барем овие три пратеници кои што сега ги имате да продолжат и на тој начин, граѓаните на Македонија што живеат надвор од државата да гласаат на избори и да имаат свој претставници и на тој начин на учествуваат во политичкиот живот во Македонија.

Груевски: Ние стриктно се држиме до она што сме го ветиле

Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници
Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници

Премиерот Груевски, меѓу другото на средбата со македонските иселеници во Австрија се осврна и на работата на Владата. Како што рече, мисијата на оваа влада е внимателно да одбере што ќе вети, но и ветеното да го реализира.

Во наредниот период има уште многу проекти кои што ќе ги направиме. Ние стриктно се држиме до она што сме го ветиле, на граѓаните, се држиме до нашата програма проекти за подобрување на квалитетот на живот на народот во Македонија, на секој граѓанин. Нашата мисија е внимателно да одбереме што ќе ветиме, но и ветеното да го реализираме. Како Влада даваме се што е во наша моќ да се придвижат работите напред и да се подобри квалитетот на живот на сите структури во Македонија. Ние како Влада никогаш не сме кажале дека ќе ги решиме сите проблеми затоа тој тоа што ви го ветува тој не ви ја кажува вистината но нашата цел е колку што е можно повеќе проблеми да решиме, така и ќе продолжиме по тој пат. Во моментот предводиме над 2.000 проекти кои што се дел од нашата програма, некои се поголеми, некои помали но се значајни за граѓаните на кој се однесуваат. Нашата цел е побогата посреќна, постабилна и попросперитетна Република Македонија и граѓаните што живеат во неа, нагласи премиерот пред присутните.

Премиерот Груевски во своето обраќање исто така се осврна на повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за состојбата со политичката криза.

Иселениците децидни: Дијаспората мора да има свои пратеници

Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници
Груевски: Ќе се залагаме дијаспората да има свои пратеници

Од друга страна иселениците се децидни, мора дијаспората да има свои пратеници и на тој начин активно да придонесуваат во општествениот живот во својата држава.

– Ние сме Македонци и ние имаме право да имаме глас преку своите претставници, истакнаа тие на средбата со премиерот изразувајќи му благодарност за посетата, која за нив преставува голема чест.