Груевски до членството на СДСМ: По никоја цена нема да дозволиме да нè закрват

Премиерот Никола Груевски од говорницата во СРЦ Борис Трајковски им се обрати и на членовите на СДСМ на кои им порача дека нема да дозволи по никоја цена да се испровоцираат судири меѓу македонскиот народ, без разлика на политичката партија на која ѝ припаѓаат.

– Порака до членството на СДСМ и до сите тие кај кои има некаква неизвесност. Ги разбирам и ги слушам и прифаќам нивните критики. Нема да дозволам да нѐ закрват, по ниедна цена тоа нема да се случи. Инспираторите го сакат тоа. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Во името на сето тоа во што верува, во името на идеалите на историското ВМРО, кое е на сите наши граѓани патриоти. Нема да дозволиме да нè закрват и испровоцираат – порача Груевски.

Премиерот, исто така, порача дека нема да дозволи да ја вратат државата назад и да се замрзнат сите проекти.

– Една од целите на тие што го измислија ова е и да се замрзнат вработувањата, да се замрзнат инвестициите, да се замрзнат сите проекти. Е тоа нема да пројде. Тоа нема да го дозволиме. Да не вратат назад. Тоа не може, рече Груевски.