Груевски до СДСМ: Бидете доблесни и признајте го поразот

Зоран Заев исто како Бранко Црвенковски излезе и наместо вината да ја бара кај себе и во немањето програма, тие вината ја бараат кај народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Охрид.

За разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу Стево Пендаровски и Ѓорѓе Иванов, Груевски со совет до опозицијата доблесно да го признае поразот и од сето тоа да извлече поуки за во иднина, наместо како што посочи :„срамното излегување на Зоран Заев кој во стилот на неговиот идол и неформален шеф Бранко Црвенковски го кажа истото како и тој претходно на изборите, само со други зборови и вокабулар. Тој повторно вината не ја најде кај себе. Вината не е кај нив, во нивните редови, на друго место. Вината ја најде кај народот, кај нас, како ние да сме криви што граѓаните не им веруваат“, рече Груевски.

Тој обвини дека СДСМ го лажеше народот, а дека политичарите блиски до нив, од опозициските партии, ги потценуваа и навредуваа граѓаните.

„Заев вели на народот, ќе ви покажам кои се тие. Најавија црна кампања против сите нас, демек од утре ќе почнел негативна, црна клеветничка кампања во која ќе измислува афери, ќе лепи етикети. Како народот вчера да не запознал.Во останатите 10 -11 дена Зоран Заев ќе го разубеди и ќе не претстави како најцрни луѓе. Непоимлива е ароганцијата што ја покажа вчера и кандидатот Стевчо Пендаровски. Тој цела кампања го навредуваше Ѓорѓе Иванов, одеше со негово директно омаловажување. Со клевети и навреди. Синоќа во изјавата пак навреди. Иванов немал капацитет, ВМРО-ДПМНЕ не заслужило поддршка“, рече Груевски.

Тој уште еднаш им порача на СДСМ дека не смеат да ги потценуваат и навредуваат граѓаните на Република Македонија.