Груевски: Добрата патна инфраструктура ја зголемува продуктувноста и создава услови за економски раст

Добрата патна инфраструкура ја зголемува продуктивноста, отвора работни места и создава можности за економски раст, рече денеска премиерот Никола Груевски, на одбележување на  годишнината на Друштвото за патишта на Македонија, кое што прославува 45 години постоење.

„Добрата патна инфрастуктура ја зголемува продуктивноста и трговијата, отвора работни места, овозможува развој на туризмот и создава дополнителни можности за економски раст“, потенцираше премиерот.

Тој нагласи дека како резултат на заложбите на Владата во периодот од 2006 до 2013 година изградени, реконстриурани или рехабилитирани се над илјада километри на патишта. Груевски најави дека оваа и следната година е  планирана е изградба и реконструкција на нови 63 километри патишта со вкупна вредност од 35 милиони евра, како и почеток на реализација на трите најкрупни инфрастуктурни проекти во државата – изградбата на автопатите Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Свети Николе-Штип и Кичево – Охрид во вкупна должина од 132 километри и финансиска конструкција од 790 милиони евра.

„Со изградбата на овие автопатишта кои се дел од паневропските коридори 8 и 10, ние ја градиме и европската патна карта, со што се овозможува да ја валоризираме нашата централна позиција на Балканот. Овие три автопатишта, заедно со останатите локални и регионални патни правци кои ќе се градат и реконструираат во периодот од 2014 до 2018 година, претставуваат инвестиција од над една милијарда евра“, нагласи премиерот, нагласувајќи дека ваквиот инвестициски бран во делот на патната инфрастуктура никогаш се нема случено во земјата.

Груевски рече дека придобивките од инвестирањето во патната инфраструктура се големи бидејќи од една страна се отвара работа за многу градежни фирми, а од друга страна добрата инфрастуктура е важна за домашните и странските инвеститори.

Премиерот најави изградба и реконструкција на локални и регионални патишта и автопат во вкупна вредност од над една милијарда евра.