(ВИДЕО) Груевски: Економијата и евроинтеграциите остануваат владин приоритет

Премиерот Никола Груевски денес најави дека економијата и евроинтеграциите остануваат приоритет за македонската Влада.Тој додаде дека силен фокус ќе имаат и на сите други сектори.

„Отварањето на нови работни места, привлекувањето на домашни странски инвеститори, земјделството, здравството, образованието, сето тоа е дел од фокусот на идната Влада, истакна Груевски.

Груевски потенцира дека во фокусот на Владата ќе останат и сите други сектори.