При посетата на ПЕТ-Центарот премиерот Никола Груевски потенцираше дека во првиот квартал од 2014 – та година Македонија има раст на економијата и дека економските резултати се над очекуваните.
Според него растот на БДП од 3,9% во првиот квартал, растот на извозот од 15 отсто, растот на прометот во индустријата од околу 6% се податоци кои укажуваат на позитивни економски трендови во Македонија, дури и подобри од проекциите на Владата, Централната банка и на ММФ.
-Тоа е одлично и тоа укажува дека сигурноста дека нашите проценки за целата година сигурно ќе се остварат, освен ако нема повторно некоја економска или светска криза, но да се недеваме дека тоа нема да се повтори. И во една таква ситуација на нормални услови во опкружувањето, очекуваме нашите проекции да се остварат а можеби и да се надминат на годишно ново, бидејќи во првиот квартал очекувањата се веќе надминати, истакна Груевски.
Тоа според Груевски е резултат на многуте мерки што Владата ги превзема во изминатиот период, од кои дел беа антикризни мерки кои сеуште важат.
-Можеби дел од нив со тек на време ќе почнеме да ги укинуваме, дел од нив можеби ќе ги оставиме за долг рок, но речиси сите сеуште се на сила и тие даваат одлични резултати, потенцираше премиерот.
Македонија е една од првите четири дави кои за време на Европската должничка криза и на Светската економска криза споредено со другите држави, најлесно и со најмалку последици ја преброди оваа криза. А споредено со другите европски држави Македонија побрзо и излегува од економската криза.
Владата, посочи, има огромен сет на економски мерки кои во слдниот период ќе се спроведат во државата.
Тој додаде дека Владата и понатаму ќе продолжи да надградува со нови мерки коишто дополнително ќе и помагаат на економијата и на нашите компании да се движат напред.