-Според не било кој, туку според Светска Банка Македонија е 10-та во делот на најдобра бизнис клима при тоа мерејќи ги сите земји во светот. Македонија е на 5-то место во Европа. Четири земји кои што се пред нас во Европа се Велика Британија, Шведска, Норвешка и Данска. Нависитна малку работи можат да се најдат каде што сме во првите 10 во светот а ова е една од поважните работи затоа што оваа работа е предуслов за отворање на нови работни места а со тоа и зголемување на стандардот на населението, вели Груевски.
Додава дека е многу радосен бидејќи тоа е резултат на нивната голема работа и труд во изминатите месеци и години.
-Да потсетам, тргнавме од 94-то место во 2006 година кога бевме на една прилично лоша позиција, секоја година напредувавме со нови мерки и со нови работи и реформи кои што направиа и кои што им го олеснуваат работењето и животот на компаниите во Македонија. Ние не ги делиме дали се домашни или се странски и за сите се трудиме да создадеме што е можно подобри услови и тоа дава резултат секоја година. Секоја година растеме на листата, оваа година дојдовме на 10-то а лани бевме на 12-то, рече Груевски.
На ова многу се работеше, подвлекува Груевски, вложен е голем труд, енергија, време и работа за да се постигнат овие значајни резултати.
-Ова ќе биде одлична препорака за многу инвеститори во светот да дојдат во Македонија и за оние кои што до сега слушнале но немале многу информации. 10-то место што ни го дава Светска Банка во светот и 5-то во Европа кажува многу, заклучува Груевски.