-Дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ипарт од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процесот на рангирање при изборот, потенцираше Груевски.
Тој исто така истакна дека земјоделците ќе бидат поддржани во спроведувањето на агро хемиски или педолошки анализи со покривање на 70 проценти од трошоците за анализа на почвата или до максимални 9.000 денари.
-Ако некој сака да му се провери земјата, хемискиот состав, квалитетот, во смисла на тоа каков род треба да се насади и за каков производ таа земја е најповолна, трошоците ќе бидат покриени до 70 проценти, рече Груевски.