Преку проектот за изградба на мали хидроцентрали се потпишани 65 договори за концесија. Премиерот Никола Груевски истакна дека 35 се изградени и пуштени во комерцијална работа, 5 се готови и во јануари ќе почнат со работа.
Овие 40 се изградени, а други 15 се градат и ги имаат потребните дозволи. Десет од нив се во фаза на вадење одобренија за градба, истакна премиерот.
Проценетата вредност на хидроцентралите е околу 120 милиони евра.
Тоа подразбира ангажирање на македонската градежна оператива во изградбата, домашни материјали за поврзување и вмрежување, како и минимум 100 нови вработувања.