Груевски и Тодоров на посета во ГОБ „8 Септември“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и  министерот за здравство Никола Тодоров, денеска ќе ја посетат Градската општа болница „8 Септември“.

Целта на посетата е  промовирање на завршената реконструкција на болнички крила.

Промоцијата на завршената реконструкција на болнички крила во оваа ЈЗУ е предвидена во 12:30 часот.

Реконструкцијата на болничките крила во  „8 Септември“ е уште една од мерките на Владата за подобар здравствен систем.