Груевски и Вучиќ разговараа за состојбите со мигрантите

Груевски и Вучиќ разговараа за состојбите со илегалните мигранти. Премиерот Никола Груевски денес oствари телефонски разговор со неговиот српски колега, Александар Вучиќ.

Двајцата премиери разговараа за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти, соопшти владината прес-служба.

Груевски и Вучиќ размениле информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите. Премиерите се договориле да продолжат активно да ги следат состојбите и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.

Прогласена кризна состојба на граничните линии

Денеска Груевски и Вучиќ разговараа за состојбите со илегалните мигранти. Разговорот следеше откако во текот на вчерашниот ден Владата во Македонија донесе одлука за прогласување кризна состојба во регионот на нашата јужна и северна граница со што согласно правните прописи се отвара можност за соодветен ангажман и на армијата.

Прогласена кризна состојба на граничните линии
Прогласена кризна состојба на граничните линии

Како што информиравме во повеќе наврати, меѓуинституционалното координативно тело секојдневно ја следи состојбата со илегалните мигранти кои имаат намера да влезат на наша територија од соседна Грција и изготвува соодветни анализи за одговор при сите евентуални сценарија. Заради зголемениот притисок на јужната граница и се поголемиот интензитет на транзит преку така наречениот балкански мигрантски коридор, но и состојбата во глобални рамки, беше проценето дека е неопходна дополнителна, зголемена и поефикасна контрола на граничниот појас каде се регистриранимасовни илегални преминувања од грчка страна, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.

Периодично се пропуштаат ранливи категории мигранти

Припадниците на АРМ кои денеска беа распоредени на јужната гранична линија со Грција почнаа периодично групно да пропуштаат ранливи категории мигранти на влез во земјата.

Првата група од околу 200 мигранти составена претежно од жени, мали деца и постари лица, беше пропуштена околу 15 часот и 30 минути и во придружба на полицијата и полициски сили беше пропратена до железничката станица во Гевгелија од каде со вонреден воз во 16 часот тргна кон Табановце.

Периодично се пропуштаат ранливи категории мигранти
Периодично се пропуштаат ранливи категории мигранти

Претставниците на АРМ им рекоа на бегалците дека вакво периодично пропуштање за влез во Македонија ќе има и понатаму, но тоа ќе се случува по нивна одлука.

Следната група мигранти според најавите од АРМ ќе влезе на територијата на Македонија некаде после 19 часот. Инаку, мигрантите ја прифатија ваквата одлука која внесе мир во нивните редови.