Не постои човек кого нема да го вознемири трагичната вест за загинувањето на 46 патници во Бугарија во автобус од Македонија и нема многу зборови на утеха за семејствата кои со оваа несреќа претрпуваат ненадоместливи загуби на своите најмили. Посебно силна вознемиреност создава веста за смртта на деца и млади луѓе помеѓу загинатите патници, се наведува во објавата на поренашниот премиер Никола Груевски.
„Пишувајќи ги овие редови се потсетив на еден параграф околу животот и смртта на познатиот филозоф Артур Шопенхауер, кој важи за голем песимист меѓу филозофите, но во вакви моменти некои негови мисли неможеме да не ги доживееме како реализам:
“Секој наш здив ја одбива смртта што постојано ни се заканува…
На крајот, смртта мора да триумфира затоа што уште при раѓањето станува наша судбина која, пред да го голтне пленот, малку си поигрува со него. Па сепак, нашите животи ги живееме мошне заинтересирано и ревносно колку што можеме подолго, токму како што се трудиме да направиме колку што е можно поголем и потраен меур од сапуница, иако наполно сме сигурни дека ќе пукне”.
Сочуство до семејствата и најблиските на загинатите.
Бог да ги прости“, напиша Груевски на својот фејсбук профил.
.