Извештајот за индексот на економски слободи од „Херитиџ“ објавен вчера, а според кој Македонија се наоѓа на 43-тото место и е највисоко рангирана од земјите во регионот е добра вест во однос на привлекување странски инвестиции, смета премиерот Никола Груевски.
Според извештајот, од 10 категории Македонија има напредок во девет категории, од кои најголем дел во контрола на јавните финансии, во слобода на трговијата и слобода на бизнисот и, како што вели Груевски, тоа е одличен сигнал.
„Многу инвеститори го следат овој индекс и ќе допринесе инвеститорите да се чувствуваат покомотно кога ќе одлучуваат за инвестирање во Македонија“, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира извештајот.
Груевски истакна дека Владата континуирано превзема мерки со кои ја подобрува бизнис климата во земјава и допринесува Македонија да оди напред и се’ повеќе нови компании за се одлучат да инвестираат тука.