Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека утре партијата ќе ја презентира новата визија, новата ера за Македонија.
„Утре во 20 часот во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата!, пишува Груевски на Фејсбук.