-Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот, соопшти меѓудругото Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека партијата и историски и во сегашноста и во иднина, била и ќе биде прозападно ориентирана партија нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД.
-Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Македонија, рече тој.