Груевски: Ќе го намалиме ДДВ-то за бебешки производи и училишен прибор

Најдовме дека е потребно намалување на ДДВ-то и за бебешките производи затоа што тоа е потребно, исто како што е потребно да се намали ДДВ-то за училишен прибор за родителите да имаат помали трошоци и по безгрижно да ги испраќаат своите деца во училиште.

Ова вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот кој се одржа во Гостивар каде Груевски ја промовираше новата програма на партијата за периодот 2014-2018 година.

Токму во училиштата, нагласи Груевски со Закон од 2009-та учебниците ги набавува Владата и веќе родителите се ослободени од купување на учебници.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ДДВ-то во новата програма е само за училишен прибор, како и за сета бебешка опрема.

Намалување на стапката на ДДВ ќе биде од 18 на 5 проценти, како поддршка за младите семејства и истата стапува на сила годинава и ќе трае 365 дена.