Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на неколку регионални патишта во земјава

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на регионалниот пат Тетово-Јажинце, село Вратница. Почетокот на настанот е предвиден за 12,30 часот.

Потоа, премиерот Груевски ќе присуствува на пустање во употреба на регионалниот пат Струга-Дебар (на влезот од село Враништа), настанот е закажан за 15 часот.

Половина час подоцна, Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на канализациона мрежа во село Мороишта.