Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба Ивица Дачиќ, претседател на Владата на Република Србија.
Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија.Почетокот е предвиден за 17:15 часот.
Премиерот ќе присуствува и на свечена академија по повод „Свeти Сава“- Денот на српската заедница во Република Македонија. Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар со почеток во 18 часот.