Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со своето семејство годишниот одмор го поминува во Турција. Лидерот, пак, на опозициската СДСМ, Зоран Заев заедно со своето семејство во текот јули го користеше својот годишен одмор. Заеви оваа година решија да одмораат во Грција, дознава Нетпрес од партиски извори на двете политички партии.
„Премиерот Никола Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во времетраење од 10 дена, почнувајќи од 9 август. Одморот ќе го помине на две места, едното во близина на Бодрум, другото во близина на Фетије, по половина од времето,“ иформираат од Владата.