Претеседателот на Владата на Република Македонија кој деновиве присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, покрај другото оствари средба и со Македонците кои живеат и работат во Њујорк.
На средбата покрај премиерот Груевски присуствуваше и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски.
Претходно, пред почетокот на Генералното собрание на ОН, премиерот Груевски заедно со владина делегација во текот на изминатиот викенд присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Колумбус, Охајо, Соединетите Американски Држави, каде беа претставени можностите за инвестирање во Република Македонија.
Покрај тоа, во Колумбус премиерот оствари средба и со македонската дијаспора. Фотографиите од тамошната средба, погледнете ги на следниот линк.