![15226615_10210375997943530_573620927_n берза](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/15226615_10210375997943530_573620927_n-1.jpg?resize=640%2C388&ssl=1)
Тоа, како што презентираше денеска во Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на ИЕ 4, е планирано да биде во Источна Македонија е проект кој ќе чини околу 20 милиони евра.
Тоа е една голема берза на свежи земјоделски производи и зеленчук и овошје на која што се собираат и понудата и побарувачката и на која што се изградени огромни ладилници, од кои некои се приватни а други државни. Тука се судираат понудата и побарувачката. Истата ќе биде најсовремено опремена по моделот на онаа амстердамската берза. Најблиску во Европа ваква берза има во Будимпешта, а најпозната е амстердамската според која ние ќе ја градиме, рече Груевски.
Ако некој ден цената на некој производ е лоша, појасни Груевски, ќе може да се складира и да се врати кога цената ќе биде поповолна.
-Ќе може и да се тргува преку интернет. Вакво нешто имаат развиените западно европски земји, но го нема на Балканот. И тоа ќе биде атрактивно не само за купувачите од Македонија, туку и за купувачите од целиот поширок на југоисточна Европа. Тоа треба да биде изградено помеѓу Неготино и Демир Капија, а точната локација сеуште ја немаме утврдено. Тоа ќе однесе многу компании, бизниси и ќе го раздвижи регионот, порача Груевски.