![gruevski-nju-dzersi-dijaspora-1 Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-1.jpg?resize=640%2C233&ssl=1)
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и владината делегација, вчера остварија средба со македонската дијаспора во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-1-1.jpg?resize=640%2C447)
Во своето обраќање премиерот Груевски ја истакна значајноста на македонската дијаспора во промоцијата на македонските интереси, истакнувајќи дека Владата и во идниот период ќе продолжи да ги остварува заложбите за унапредување на соработката со иселениците и ќе продолжи да спроведува проекти кои се од интерес за дијаспората. Ја истакна и значајноста на финансиските контрибуции кои македонските иселеници ги упатуваат на членовите на нивните семејствата кои живеат во нашата земја, и истакна дека иселениците се значаен сегмент од македонската нација кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-1-2.jpg?resize=640%2C333)
Премиерот Груевски истакна дека Владата го втемели правото на глас на иселениците, и се заблагодари на претставниците на македонската дијапсора за промовирањето на Македонија.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-naslovna.jpg?resize=640%2C277)
Благодарен сум и за поддршката што секаде каде што можете, а тоа ми е потврдено од многу ситуации и информации, лобирате за Македонија, го ширите добриот глас за Македонија, и тоа многу значи. Не е единствено важно тоа некој да го направи во Обединетите Нации или во Белата Куќа или во некои центри, тое е секако многу важно, но многу е важно, исто така, и ширењето на добриот глас за Македонија насекаде, на секое место, и тој добар глас што се шири за Македонија да стекнува што е можно подобар имиџ, истакна премиерот Груевски во своето обраќање пред иселениците во Њу Џерси.
Дијаспората на ефикасен начин го добива потребните документи
Премиерот Груевски, пред присутните се осврна и на проектите кои се спроведуваат, а во чиј фокус се македонските иселеници, како што е проектот преку кој членовите на дијаспората на ефикасен начин може да ги добиваат потребните документи кои ги издаваат надлежните органи на Република Македонија. Претседателот на македонската Владата ги информираше присутните и за реформите кои се спроведуваат во нашата земја, и истакна посветеност за градење на понатамошни заеднички активности со дијаспората.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-1.jpg?resize=640%2C233)
Благодарност од дијаспората за постојаната комуникација и проектите
Македонските иселеници позитивно ги доживуваат средбите со македонската Влада и од нивна страна активно работат на промоција на Македонија.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-6.jpg?resize=640%2C368)
Драго ми е што Премиерот и другите претставници на нашата Влада дојдоа да не посетат тука. Ова не е прв пат, но не и последен, се надевам дека ќе бидат и почести ваквите посети, ќе не сплотат, значи нема да се чувствуваме сами тука, ќе знаеме дека нашата Влада мисли на нас затоа што и ние мислиме на Македонија, постојано и ја посетуваме Македонија. Ја промовираме, кај што ќе најдеме и јас и мојата фамилија ја промовираме нашата држава, и носиме и луѓе да ја посетат, покажуваме слики, настани, покажуваме и културни збиднувања што се случуваат во Македонија, изјави Никола Попоски, кој во Њу Џерси работи како професор во средно училиште.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-7.jpg?resize=640%2C398)
Иселениците упатија благодарност до владината делегација за постојаната комуникација со иселениците и реализацијата на проекти кои се од интерес за дијаспората, истакнувајќи дека и во следниот период тие активно ќе дејствуваат со цел поддршка на политиките на Владата за привлекување на странски инвестиции.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-4.jpg?resize=640%2C338)
Македонската заедница овде во регионот на Њу Џерси, Њујорк и Конектикат се труди максимално за остварување на контакти со бизнисмени кои што се дел од оваа заедница, да се овозможи тие се повеќе да инвестираат во Македонија и се повеќе да остваруваат бизнис контакти со претставниците на бизнис секторот во Македонија, изјави Горан Митевски, стопанственик од Њу Џерси.
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-8.jpg?resize=640%2C366)
![Груевски се сретна со македонската дијаспора во Њу Џерси](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski-nju-dzersi-dijaspora-5.jpg?resize=640%2C364)