Во повеќечасовни средби со жителите на охридските населени места Видовиште, Лескоец, и Велгошти беа решени повеќе проблеми и Премиерот Груевски ги ислуша нивните барања и потреби. Беше договорено обезбедување на дом за многудетно семејство, нови спортски објекти, изработка на планска урбанистичка документација, беше направено образложување на напорите за вработување на луѓето од загубарот ЕМО и реализација на останати инфраструктурни проекти. Сето ова беше дел од посетата на премиерот.
Во Охридската населба Видовиште освен тоа што беше пуштена реконструираната улица Ристо Чадо, Груевски излезе во пресрет на барањето за обезбедување на дом на 8 детно семејство.
Во разговорите, претставникот на Египјаните, Демир Далип, изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата и добрата соработка со локалната самоуправа.
Вработен во единицата за противпожарна заштита од премиерот Груевски побара да се разгледа можноста за законско регулирање и додефинирање, што беше прифатено од премиерот.
Исто така ќе се излезе во пресрет и на барањето за изградба на дополнителна спортска инфраструктура во Охрид.
Во Лескоец каде се реализираат проекти за изградба на патна и комунална инфрастуктура во висина од 1 милион евра, Груевски разговараше на повеќе теми со граѓаните.
Граѓаните благодарни и задоволни од реализацијата на проекти.
Исто така Премиерот Груевски на прашање од жител на Лескоец одговори дека Владата прави напори за вработување на сите луѓе од загубарот ЕМО и решавање на овој проблем.
По Лескоец, премиерот го посети населеното место Велгошти каде жителите се заблагодарија за изградената спортска сала.
Градоначалникот Бакрачевски истакна дека ќе се направат напори за обезбедување на средства за реконструкција на културниот дом.
Исто така на средбата беше договорено и изградба на улицата „Александар Турунџиев“ која што треба да почне најкасно во првата половина на следната година и градоначалникот Бакрачевски образложи до каде е изработката на планска урабнистичка документација која се работи за прв пат за овој регион.