Груевски: мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места

Мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите со што ќе се обезбеди стабилна влада. Ова е предлогот на ВМРО – ДПМНЕ  во рамки на разговорите за изборниот модел, а за кој денеска говореше премиерот Никола Груевски.

Мнозинскиот модел го имаат многу држави и успешно функционира, а ние го имаме во нашата земја и сега при изборот на градоначалници. Градоначалниците се избираат по мнозински систем, а исто така и пратениците од дијаспората.  Така што имаме искуство со тоа, имавме искуство и во минатото и нашиот предлог е да се оди на мнозински систем затоа што до израз во голема мера доаѓа и личност која граѓаните ја  бираат за пратеник, изјави премиерот Груевски при денешната посета на општина Студеничани, пренесе МИА.

За победничката партија 17 дополнителни пратенички места

Груевски во изјавата пред медиумите додаде дека денеска би дал уште една понуда и појасни дека тоа е тоа е можноста која ја има во некои држави и предвидува победничката партија да добие плус 17 пратеници за стабилност на владата која што ќе работи.

Mнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места
Mнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места

СДСМ тврдат дека ќе бидат победници на наредните избори. Тоа е нивно право да го тврдат тоа, но доколку веруваат навистина дека ќе бидат победници, ние им нудиме да изгласаме закон со кој победничката партија кога ќе завршат изборите да добие плус 17 пратеници. Со тоа се формира стабилна влада и нема изговор потоа зошто не се реализирале некои проекти. Значи, таа стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии, ќе имаат сериозно мнозинство, ќе имаат стабилност, државата ќе има стабилност и таа влада би можела да функционира целосно фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните, рече Груевски.

Груевски на средби со граѓаните
Груевски на средби со граѓаните

Инаку, премиерот Никола Груевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија ги посети населените места Моране, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батници и Цветово во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.