Груевски на ФБ: Се гради нов водовод за жителите на општина Гевгелија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денска на својот ФБ профил обајви дека почнува изградбата на нов водовод од кој ќе имаат придобивка дваесетина илјади граѓани од општина Гевгелија, Богородица, Моин и од Мрзенци, но и дел од жителите на соседната општина Богданци, како и населените места Селемли и Стојаково.

Инвестицијата е во вредност од 710.000 евра.

Проектот предвидува изведба на 4 бушотини, пумпни станици, хлорна станица, цевковод и резервоар за вода со капацитет од 1000м³.

Вкупната должината на ново изградениот потисен и доводен цевководот ќе изнесува над 3.5 км, а неговата изградба ќе трае помалку од една година.

Ова е почеток на реализацијата на уште едно ветување од нашата програма. Со ова ќе се надминат проблемите со водата и директно ќе се влијае на подобрување на нејзиниот квалитет. За релизација на овој проект особен придонес даде градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и Владата, а истиот ќе се реализира во соработка со ЕУ и Светската банка.

Нашата цел е подобрување на реалниот живот на граѓаните. И покрај сите политички предизвици, нашиот основен приоритет се граѓаните и тоа така и ќе остане. Ние продолжуваме со работа, со проекти со кој се подобрува секојдневието на граѓаните, напиша Груевски на ФБ.

груевски