Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Фурхан Чако по повод големиот исламски празник Рамазан Бајрам присуствуваа на Ифтар вечера која се оддржа во Скопје.
Во текот на постот по повод празникот Рамаза премиерот Груевски организираше Ифтар вечера на која присуствуваа членови на Владата, министри и други функционери.
Исто така Груевски организираше Ифтар вечера за членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери кои се од исламска вероисповест.
Ифтар вечера приреди и претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.