Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на свеченоста по повод реализација на инвестицискиот проект за изградба на фабрика на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во технолошко – индустриската развојна зона Кичево, локалитет село Србјани.
Почетокот на настанот е предвиден за 14:00 часот.