Триесет и две нови преведени книги на проектот „Ѕвездите на светската книжевност“ денеска беа промовирани, со што македонската читателска публика ќе има можност да се запознае со уште неколку врвни дела на најголемите умови во светот на книжевноста.
Премиерот Никола Груевски истакна дека продолжува праксата на промоција на овој проект и додаде дека досега се преведени вкупно 442 наслови.
Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска потенцираше дека и во иднина ќе бидеме во чекор со светските култури.
Академикот и претседател на стручната редакција на едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“ Митко Манџуков истакна дека никогаш до сега во Македонија не се издвојувале толку средства за културата.