Груевски: На прво место е државата и нејзиниот интерес

Од почетокот на 2015тата до денес, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се нападнати со специјални средства, а СДСМ ја има добиено улогата да одглумат вешт напаѓач. Слабо ја вршат таа улога порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 25-та Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што огромното мнозинство од народот брзо ја сфати играта рече Груевски и не дозволи да подлегне на овој подмолен напад, чии цели сигурно не се во интерес на македонскиот народ и граѓаните на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија, направи проценка на ситуацијата и изгради своја сопствена стратегија за одбрана и надминување на ситуацијата. Таа стратегија некој ја одобрува и поддржува, а некој ја критикува од различни аспекти. Секој различно, зависно од информациите кои ги поседува, аналитичките капацитети, сопствениот карактер и политичко искуство. Таа стратегија не подразбира дека проблемот ќе се надмине без пречки, опструкции, кризи во нејзиното спроведување, лични откажувања и жртви, времени отстапки,попатни корекции и слично. Целите на стратегијата се, на прво место државата и нејзиниот интерес, како и интересот на народот, по цена за тоа да се жртвуваат одредени партиски или нечии лични интереси. Значи државата пред партијата – на дело, рече Груевски.