Груевски на средбата со коалициските партнери ги осудија насилството, провокациите од СДСМ и нелегалниот избор на Џафери (ВИДЕО)

Во просториите на партијата ВМРО-ДПМНЕ во неделата се одржа средба на претседателот на партијата Никола Груевски со претседателите и претставниците на партиите кои се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, којашто со 51 пратеник е најголемата пратеничка група во Собранието.

gruevski-sredba-koalicija 2

„На средбата беше разговарано за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на Собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Се истакнува дека коалициските партнери од „За подобра Македонија“, ги осудуваат и провокациите од страна на социјалдемократите нивниот претседател Зоран Заев, кои со своето однесување го предизвикле револтот на граѓаните.

 

gruevski-sredba-koalicija3
„Прекршени се Уставот, законите и Деловникот, и за тоа мора да има одговорност“, порачуваат од коалицијата

Коалицијата „За подобра Македонија“, исто така го осуди насилството и порачува дека тоа „не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење одлуки во согласност со Уставот и законите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.