
Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека на четирите средби кои што ги имал со Зоран Заев му кажал дека техничка влада не прифаќа и може се што има слободно да објави.
-Имав прес-конференција на која што најавив дека следува период во кој што ќе има ваков вид на работи, затоа што претходно имав неколку средби, односно четири, со Зоран Заев на кои што тој ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали кои што има намера да ги објавува доколку не му овозможиме формирање на теничка Влада, нешто што јас не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив се што има и што сака да објави слободно да го објави, изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Груевски истакна дека засега не би коментирал нешто повеќе и најави дека во следниот период ќе излезе со поконкретни коментари.