Груевски најави нова инвестиција – стотина нови работни места

атина

На македонскиот пазар влегува компанијата Agricorp Invest, дел од Monaco Resource Group која е меѓународна групација присутна во други 25 земји со повеќе бизниси од областа на земјоделието, металите и миниралите, енергијата и финансискиот сектор.

gruevski-za-investicija-fb

Оваа информација преку својот Фејсбук профил ја сподели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Компанијата Agricorp Invest го откупи мнозинскиот пакет во компанијата Бонум, фабрика за производство на пакувани печурки и преработка на земјоделски производи. Се работи за браунфилд инвестиција која треба да придонесе со околу стотина нови работни места. Нивниот преработувачки капацитет се наоѓа во кумановскиот крај, при што ова ќе биде поттик и за економскиот развој и можност за нови работни места во овој крај. Овие новоотворени работни места, согласно инвестицискиот план на компанијата и развојните пазарни текови треба да се реализираат во наредниот едногодишен период, но исто претходно ќе се гарантира и сигурност на работните места на веќе вработените луѓе во компанијата. Ова не само што ќе значи реорганизација на компанијата во Македонија туку и дуплирање на нејзините капацитети на работа. Станува збор за значајна инвестиција за преработувачкиот сектор за земјоделски производи во Македонија кој во изминатиот период постојано бележи рекорди како производството така и во извозот кој е дуплиран. Ова е добра вест за македонското земјоделие, но и признание за преработувачкиот сектор кој што е сфера на интерес и странски компании кои ги насочуваат своите бизнис планови кон ова поле, информира тој.

Информацијата ја споделија и од компанијата, а нивното соопштение можете да го погледнете ТУКА