Стоотстотно обесштетување за сите погодени во поплавите

Стоотстотно обесшетување за сите погодени во поплавите што во периодот на јануари и февруари ја погодија државата, најави премиерот Никола Груевски на денешниот голем народен собир во Штип.

-Овој регион особено делот на Чешиново Облешево и Кочани, но и некои други делови, беше еден од најпогодените региони заедно со пелагонискиот, и знам дека многумина претрпеа огромни штети. Минатата недела кога се уште не беа завршени проценките, најавив дека обештетувањето ќе биде биде високо. Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, Владата ќе извши 100 отстотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката. Значи колку што проценителите ќе проценат и утврдат дека имало штета, толку ќе им биде исплатено обесштетување на луѓето.

Груевски нагласи дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

– Така работи оваа влада, и затоа никој во овие 8 и пол години неуспеа да ја сруши или победи, па мора да се обиде со други методи, со креирани, сечени, лепени, монирани телефонски разговори, со кои треба да се убие вербата кај народот во оваа политичкаа гаарнитура, и земјата да се врати во времето на СДСМ, време ќе го паметиме по отпуштања на 200 илјади луѓе од работа, разграбување на државниот капитал вреден 5 милјарди евра преку приватизацијата, пирамидалните штедилници, шверцот итн, но не и време кое можеме никако да го паметиме по нови фабрики и работни места,  инвестиции, градби, или пак зголмувања на пензии, социјални помошти или плати на јавниот сектор, заклучи премиерот.