Покрај зголемувањето на платите на медицинските сестри со завршено високо образование, премиерот Никола Груевски во вестите на ТВ Сител најави зголемување на платата и на неколку категории на лекари.
Зголемувањето на платите за медицинските сестри кои завршија факултет со 180 кредити беше наше ветување кое го дадовме до граѓаните и сега се исполнува и порано од ветеното, истакна премиерот.
Повисока плата, како што најави премиерот, покрај медицинските сестри, ќе добијат лекарите специјалисти во брзата помош, лекарите специјалисти во здравствените домови и фармацевтите специјалисти.
Во три етапи овие медицинските сестри ќе добијат нова позиција и повисока плата. Тоа беше барање на медицински сестри кои ги сретнувавме на трибините на ВМРО-ДПМНЕ. Следува и зголемување на платите на неколку категории лекари- во Итна медицинска помош зголемувањето на платите ќе биде за околу 2700 денари. Специјалисти во здравствените домови, во Центри за јавно здравје и фармацевтите специјалисти ќе добијат повисока плата за 4.000 денари зголемена. Проценката беше дека откако се зголемија платите на специјалистите во клиниките и болниците останаа овие групи. Тие тоа го заслужуваат, станува збор за промена на колективен договор, рече Груевски.