Груевски: Најдоцна до март ќе избереме кандидат за претседател

Фокусирани на претседателските избори и не бевме фокусирани на прашањето поврзано со предвремени парламентарни избори, истакна денеска премиерот Никола Груевски.

По поставувањето камен-темелник на новата холандска фабрика за печурки во Свети Николе и пуштањето на патот Ерџелија – Мустафино, претседателот на македонската Влада одговарајќи на новинарско пршање, истакна дека распишувањето  на претседателските избори, стартува процесот и планот на ВМРО-ДПМНЕ некаде кон крајот на февруари или почетокот на март да одржи конвенција на која ќе се избере и нивниот кандидат за претседателските избори закажани за 13 април.

„Што се однесува до евентуални предвремени парламентарни избори можам да кажам дека досега сме фокусирани на претседателските избори и не бевме фокусирани на прашањето поврзано со предвремени парламентарни избори. Сепак, изјавите што ги дадоа челници на ДУИ во минатите неколку дена фрла нова светлина врз настаните коишто доаѓаат и ние тоа со внимание го следиме и анализираме“, нагласи премиерот Груевски, по пуштањето на патот Ерџелија – Мустафино.