Народот го казни СДСМ со 200.000 гласа разлика, во минатото многу ветуваа, а ништо не исполнуваа. Вие погледнете, Заев загуби и во неговата општина каде е актуелен градоначалник, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА.
„Втор значаен проблем за нив беше довербата во она кое го говорат, која доверба односно недоверба се базира на нивното минато и како партија и како индивидуалци. И за тоа се самите виновни. Многу ветуваа и неисполнуваа. Вие погледнете, Заев изгуби и во неговата општина каде е актуелен градоначалник и каде пред една година, иако со тесен резултат го доби мандатот од граѓаните. Она што е важно е дека народот покажа витинска зрелост. Не само што не подлегна на манипулациите на клеветите на Заев, туку го казни со еден од најсилните порази на СДСМ со над 200 илјади гласа разлика. Македонија не е истата од деведесеттите,“ вели Груевски.