
Народот издржа, гледа дека ова е кризна ситуација, дека е тешка, меѓутоа гледа и дека има стабилна влада и влада која што знае какви и кога да влече чекори, истакна премиерот Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на канал 5 телевизија.
-Се виде дека во Македонија народот знае да препознае, мнозинството од народот знае да препознае кога се игра некоја голема игра околу Македонија и кога некој сака со манипулации, со интриги, со погрешни контексти, со лаги да направи ситуација со која ќе го залаже народот и ќе си оствари некои свои цели, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека народот не потклекнал на тоа, не потклекнал на лагите и манипулациите на Заев, односно на неговите сценаристи кои што му го пдоготвиле сценариото.
-Му го дале сценариото, му ги напишале и говорите кои што ги чита на прес-конференциите. Народот издржа, гледа дека ова е кризна ситуација, дека е тешка, меѓутоа гледа и дека има стабилна влада и влада која што знае какви и кога да влече чекори, рече Груевски.