Нашиот минат труд, преку илјадници ветени и исполнети проекти, се најголемиот капитал и гаранција, истакна вечерва премиерот Никола Груевски, во гостувањето во емисијата „Јади бурек“.
„Многу работи ги придвиживме во тешки околности… Тоа што го ветивме го исполнивме, тој минат труд граѓаните ќе знаат да го препознаат. Втората работа е понудата, односно тоа е многу добар материјал, потоа економскиот тим и целиот тим на Владата и како резултат на тоа се чувствува позитивна клима кај граѓаните“,рече Груевски, истакнувајќи дека она што е најважно е да нема стратешки грешки, а другите навреме да се детектираат, да се признаат и да се решат.
СДСМ, како што рече тој, додека беше на власт даваше многу ветувања, ја прокоцкаа шансата, па граѓаните ги казнија поради тоа.