На прес-конференција на седиштето на НАТО во Брисел, генералниот секретар на оваа организација Јенс Столтенберг истакна дека азилот на Груевски не е прашање за НАТО и дека истото треба да го решат меѓусебно македонските и унгарските власти.
„Прашањето за бегството на Никола Груевски во Унгарија треба да си го решат Будимпешта и Скопје“, изјави Столтенберг.
Столтенберг беше запрашан за каков кредибилет на НАТО зборува кога токму членка на НАТО му овозможи на поранешниот македонски премиер да добие азил, тој одговори:
„Тоа не би го коментирал. Тоа прашање треба да си го решат Будимпешта и Скопје“, искоментира Столтенберг.
Тој истакна дека сега останува македонските власти да го имплементираат договорот од Преспа за името.
„Во Скопје веќе се тркала топката, почнати се процедурите за уставни измени. Кога ќе заврши сето тоа, ќе бидеме во можност да го потпишеме пристапнито договор“, истакна Столтенберг.
На состанокот присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров кој што присуствува во работна посета на Брисел.