![vinica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/vinica.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Поради чесноста, посветеноста, напорната работа, реализираните проекти, ВМРО-ДПМНЕ може да ја бара повторно довербата кај граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Виница.
На овие избори овој режим на СДСМ отиде низ вода. Не ги слушајте пораките на СДСМ дека има две Македонии, има само една Македонија, поделбата нека си остане во главите на Стево, Зоран и Радмила, рече Груевски повикувајќи ги виничани да го дадат својот глас за програмата „Проверено” на ВМРО-ДПМНЕ.
На митингот на Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа претставени претставени кандидатите за пратеници од ИЕ 3, се обрати и носителот на листата за пратеници Никола Тодоров.
Тој истакна оти има огромна разлика во делата што ги прави ВМРО-ДПМНЕ и она што се работело претходно, и дека народот знае да ја направи таа разлика.
Се осврна на, како што рече, континуираната помош што ја давала досега Владата на македонскиот земјоделец, но и на она што треба да се реализира во иднина во овој сектор, посочувајќи притоа дека во програмата „Проверено” се планирани 600 милиони евра за подобрување на македонското земјоделство.
Најави изградба на експресниот пат Штип – Кочани, а ја напомена и изградбата на автопатот од Скопје до Штип која е започната. Ова, рече тој, се дел од проектите кои ќе се спроведуваат во Источна Македонија.
Тодоров посочи и дека Владата обрнува големо внимание на намалувањето на невработеноста преку создавање можности за отворање нови работни места.
– Нови 120 илјади работни места се отворени во Република Мкаедонија за овие седум години и невработеноста е намалена за десет проценти. За наредните четири години ќе отвориме 64 илјади нови работни места и над 30 нови фабрики, рече носителот на листа за избор на пратеници во Изборната единица 3.
Во делот на здравството Тодоров ја најави и изградбата на Клиничката болница во Штип, проект, како што истакна, од особено значење за здравството во Источна Македонија.