Груевски: Не поседувам вили ниту плацеви во Охрид

Веста за „скриената вила“ на поранешниот премиер Никола Груевски во Охрид, која ја пласираа неколку медиуми, е измислена и тенденциозна, изјави Груевски за „Нетпрес“.

Ова е апсолутна измислица. Не поседувам ниту куќа ниту плац, ниту било какви недвижнини во Охрид. Ова е лажна вест, тенденциозно да ми се нанесе штета на угледот, кусо изјави Груевски.

Според „Охрид Скај“, кој објави фотогалерија од куќа во старото градско јадро на Охрид, веднаш пред црквата „Св. Јован Канео“, градежната парцела била продадена на 24 правни субјекти, кои биле под диреткна контрола на Груевски.

Но освен фотографиии од недоградена куќа, порталот не дава конкретни информации или докази за сопственоста на објектот.