Премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Општина Неготино Ванчо Апостолов и стопанственикот Илија Гечев денеска го означија почетокот за изградба на нова индустриска зона „Неготино“.
Индустриската зона се наоѓа во близина на Неготино со атрактивна местоположба во близина на автопатот, регионален пат и железничката пруга на површина од 30 хектари со можност за изградба на 26 објекти.
Досега се продадени сите 17 парцели од ТИРЗ „Неготино“
За позитивните ефекти од изградбата на зоната, според премиерот, доволно говори фактот што досега се продадени сите 17 парцели.
Стратегијата и политиките на Владата за засилен економски развој, привлекување нови инвестиции, отворање нови работни места и континуиран напредок на РМ продолжуваат со несмален интензитет во сите полиња, истакна Груевски.
Тој најави…