Груевски: Нема предвремени избори

По шпекулациите во јавноста за предвремени парламентарни избори по излегувањето на СДСМ и ДПА од Собранието на Република Македонија, премиерот Никола Груевски изјави дека предвремени избори нема да има.

„Избори во Македонија ќе има во 2018 година, сега предвремени избори нема да има“, рече премиерот по давањето на отчетот за 100 дена Влада.

Дијалог со опозицијата ќе се трудиме да отпочнеме, како што се трудевме и досега и ќе продлжиме со тие напори, истакна премиерот Никола Груевски.

„Ќе се трудиме дијалогот да отпочне и да биде на принципиелна основа како што тоа досега го правевме, но никако нема да дозволиме граѓаните и нивната слободно изразена волја да бидат уценувани или да се создаваат преседани кои ќе воведат понатаму во лоши практики и ќе ја срушат смислата на слободно дадениот глас и поддршката на некоја политичка опција“, рече Груевски.

Груевски потенцираше дела стратешки приоротет остануваат евроатлантските интеграции на кој се работи и покрај пречката со спорот за името кој го отвори нашиот јужен сосед.

„Македонија е псоветена на унапредување и позитивен равој во однос на ЕУ агендата. Наш фокус останаа реформите поврзани со ЕУ агендата, Македонија продолжува со овие реформи и со сите предности кои што ги дава ХЛАД механизмот. Посветени сме на реформите во правосудтсвото, реформата на јавната администрација, подобрување на севкупната економска состојба, воспоставување на професионални стандар, како пет приоритетни области во процесот на европската интеграција“, рече Груевски.

Груевски нагласи и дека стратешки инетрес останува и членството во НАТО