Туристичката понуда на преспанскиот регион е збогатена со уште една содржина- новоизградената плажа на Преспанското Езеро кај Стење, во должина од околу 500 метри.
Плажата денеска ја посети премиерот Никола Груевски во рамките на посетата на преспанскиот регион.
Туристичката сезона е во полн ек и локалното население веќе ги гледа резултатите од новата плажа. Туристите одлично го прифаќаат овој новитет и веќе е забележана поголемата раздвиженост во Стење, нагласи Груевски.
Тој најави дека веднаш по комплетното завршување на активностите на плажата во Стење ќе почне изградба на нова плажа во Сливница.
За овие две плажи веќе имаме издвоено околу 77 милиони денари и нивната изградба е дел од нашата визија за преродба на туризмот во преспанскиот регион. Дел од таа визија е и изградбата на плажите во Отешево, Крани, Коњско и Претор што ќе се реализира во наредниот период, нагласи Груевски.
Во рамки на посетата на демирхисарско-преспанскиот регион премиерот денеска ги предаде во употреба зградите со социјални станови за социјално ранливи категории во Демир Хисар и Ресен и го пушти во употреба новото изграденото тениско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен.
Прочитајте повеќе:
Пуштена во употреба зграда за лица со социјален ризик во Демир Хисар