15 Октомври не е денот само кога треба да се одлучува за изборот на градоначалници, на овој ден ќе се гласа и против сите политички хајки кои што ги започнаа за да ја прикријат својата неспособност и народот да не се занимава со тоа што тие не го исполниле и не го реализирале, туку со за се што е против досегашната власт и за тоа народот на 15 октомври ќе си го каже своето мислење, вели Никола Груевски на вечерашниот митинг во Бутел.
-Народот ќе си го каже своето мислење и врз медиумскиот притисок кои што се прави, како притисокот врз судиите, врз администрацијата, како и странските инвестиции, а доказ за тоа е и фактот што нема стапнато нов странски инвеститор во Македонија откако се тие на власт. Помрачувањето се гледа и во економијата, тие на народот му ветуваа и просечна плата од 500 евра, а истото никој не го доби, истото важи и со пензионерите и нивното покачување на пензиите, истакна Груевски.
Тој додаде дека младите, земјоделците, пензионерите и социјалните случаи повторно ќе го чекаат владеењето на ВМРО-ДПМНЕ за да се остварат сите нивни барања.
-Новата Влада ги запре сите крупни проекти, ја запреа целата економија, се запреа трите автопати, се запре и изградбата на новата клиничка болница. Тие стопираа и изградба на училишта, градинки и истото ќе го продолжат да го градат после неколку години за да речат дека оваа влада ги изградила сите овие работи, а не ВМРО-ДПМНЕ. Бројот на вработени во Бутел е значајно зголемен, па така во 2006 во Бутел биле регистрирани околу 3 илјади вработени лица, а во септември 2016 година регистрирано има околу 7 илјади лица, а тоа е повеќе од дупло и тоа е работа, рече Груевски.
Тој вети дека и во иднина ќе се отвораат нови работни места.