Партијата има нов лидер и ново раководство и за тие прашања обратете се кај нив, одговори поранешниот премиер Никола Груевски на новинарско прашање дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на законодавниот дом откако шест пратеници од опозицијата добија притвори за случувањата во парламентот на 27-ми април.